Македонија располага со околу 200 респираторни машини. Тука се вклучени машините од приватното и јавното здравство.
-Во текот на неделава ќе пристигнат уште стотина и плус Кина ќе донира 200. Значи Македонија ќе располага со 500 респираторни машини, истакна министерот за здравство Венко Филипче во емисијата Утрински брифинг.