Кинезите го премислија Вучиќ: Еве како ќе се лечи коронавирусот во Србија

Со промена на пристапот во борбата против епидемијата на коронавирусот, Србија суштински и агресивно ќе го нападне вирусот, изјави претседателот Александар Вучиќ, на вчерашната прес-конференција, која ја почна со информација дека во Србија е забележан и трет смртен случај од коронавирусот, на жена на возраст од 60 години, пренесува Република.мк,

Вучиќ со премиерката Ана Брнабиќ по седницата со членовите на економскиoт и здравствен кризен штаб и тимот на лекари од Кина, по нивна препорака за кинеското искуство ги објасни мерките на агресивниот пристап во борбата против коронавирусот.

Како прва мерка на промена на пристапот, тој најави масовно тестирање на населението на епидемијата на коронавирусот, на што е можно поголем број граѓани, кое ќе почне во наредните 48 часа.

Целата статија можете да ја прочитате ТУКА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.