Огромна војска е преместена кон границата со Северна Кореја во моментот кога светот се подготвува за избивање на голема војна.
Кина испратила голем гонтингент воена сила, како и медицински персонал во подготовка за можен напад од страна на САД. Одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп да ја бомбардира Сирија во знак на одмазда поради наводниот хемиски напад на Асад е очигледно она што придонело за овој потег на Кина.
Властите на Кина се загрижени поради ставот на Трамп кон воените акции во други земји и стравуваат дека Сирија е “предупредување” за можен напад на Кина.
Трамп и кинескиот претседател Си Џипинг се состанаа минатата недела и разговарале за нуклеарното оружје на Северна Кореја и Ким Јонг Ун.
Ф.Г.