Добри вести пристигнуваат за светот од Кина, каде се прогласи дека ширењето на вирусот корона е запрено.
Ова го соопшти официјалниот претставник на Комитетот за здравствени прашања на Кина, Ми Фенг.
“Бројот на потврдени случаи инфицирани со Ковид – 19 е помал од 3000. Ширењето на епидемијата на територијата на Кина е целосно запрено”, вели Ми Фенг.
Според последните информации во Кина вкупно од коронавирус заболеле 81,439 лица, 3,300 починаа, а 75,448 лица се оздравени.