Кина наводно ги повикувала своите граѓани кои живеат во Северна Кореја да се вратат во својата држава, поради страв од големата напнатост меѓу Пјонгјанг и Вашингтон, пишува “Кореа Тајмс”.
Кинеската амбасада во Северна Кореја минатиот месец започнала да ги советува граѓаните да се вратат во Кина, бидејќи сметаат дека Америка брзо ќе се одмазди на провокациите на Северна Кореја.
Радиото “Фри Ејжа” објавило дека амбасадата ги повикува луѓето.
Ф.Г.