Кинескиот министер за одбрана Чанг Ванкван ги предупреди граѓаните да се подготват за Трета светска војна.
“Ве предупредувавме претходните неколку месеци дека ќе се случи нешто големо, но сега е извесно и имаме потврда за тоа”, изјави кинескиот министер.
Ванкван оваа изјава ја даде за време на посетата во воениот комплекс во провинцијата Зеијанг на истокот од земјата. Тој предупреди дека народот треба да биде обучен поради одбрамбениот предизвик, бидеќи се доведуваат во прашање суверенитетот и територијалниот интегритет на државата.
Министерот исто така предупреди дека надворешните закани се оние кои сакаат да ја загрозат националната стабилност. Потоа го задолжи целиот државен апарат вклучуваќи ја и војската и полицијата, заедно со граѓаните да подготват мобилизација за одбрана на државниот интегритет и суверенитетот.
МАРКУКУЛЕ.МК