Ким Јонг Ун и се закани на Америка: Северна Кореја има плутониум за 10 атомски бомби – БИЛО КОГА И БИЛО КАДЕ (ФОТО)

kim-dzong-un-severna-koreja-600x401

Северна Кореја има доволно плутониум за производство на 10 нуклеарни бомби, оцени Сеул во средата.

Голем број на експерти сметаат дека Северна Кореја, која изведе две нуклеарни тестирања и повеќе ракетни лансирања во 2016 година, треба да ги зголеми напорите во 2017 година за да ја оствари својата цел.

Екпертите се согласуваат дека Пјонгјанг направил голем напредок од доаѓањето на власт на Ким Јонг Ун.

https://twitter.com/BanZakirNaik/status/818587700286652418

Во средата јужнокорејското министерство за одбрана објавило дека Северна Кореја на крајот од 2016 година имала 50 килограми плутониум од воен квалитет, што е количина доволна за производство на 10 нуклеарни бомби.

Ф.Г.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.