Советникот за надворешна политика на јужнокорејскиот претседател Чунг ин Мун, изјави дека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун е жив и здрав и дека од 13 април се наоѓа во областа Вонсан.
“До сега не се забележани никакви сомнителни движења”, рече тој, пренесува порталот Њузвик.
Од минатата недела светските медиуми пишуваат дека здравствената состојба на Ким Јонг Ун е навистина лоша, а многу новинари шпекулираа и дека тој не успеал да преживее.
Во саботата се објавени сателитски снимки од возот кој му припаѓа на Ким, а тој се наоѓа на железничката станица во Вонсан.