Од 16:50 часот на магистралниот пат Прилеп -Градско, сообраќајот се одвива со наизменично пропуштање на возилата, информираат од АМСМ.
РЦУК – Прилеп известува дека од 15:20 часот ТППЕ Прилеп и екипа од ПС Прилеп на патен правец Прилеп -Плетвар кај Каменоломот имаат интервенција на сигурносниот вентил кој пропуштал гориво од возило -цистерна која превезувала течен гас – метан.
Возилото е одстрането од сообраќај на лице место се упатени екипа од ПС Прилеп и ТППЕ Прилеп заради одстранување на дефектот и обезбедување на просторот и возилото.
Сообраќајот се одвива под контрола на патрола од ПС Прилеп.
За настатнот е известен инспекторот за заштита и спасување од ДЗС Прилеп.