Од 15:40 часот, сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман е во прекин во двата правци, поради шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар, атар на с.Тројаци кон с.Топлица – информираат од Автомото сојуз на Македонија.
Прекинот на сообраќајот создаде километарски колони во двата правци:
Огнот гори на неколку места. До редакцијата на Maркукуле пристигнаа фотографии и видеа од наши читатели на кои се гледа дека од густиот чад премногу е намалена и видливоста на патниот правец.
Возачите сведочат дека движењето по патот е како низ xopop филм…