Киев без струја и вода, луѓе чекаат во редици пред бунар (Видео)

Голем дел од Киев е без струја и вода по серијата руски ракетни напади врз клучната енергетска инфраструктура.

Началникот на украинската војска Валериј Залужњи на Телеграм изјави дека Русија истрелала 55 ракети и десетици други муниции кон „цивилни цели“ низ целата земја, неколку дена откако Русија ја обвини Украина за напади со беспилотни летала врз нејзината црноморска флота.

Советникот на Зеленски, Олексеј Арестович, го нарече ракетниот напад „едно од најмасовните гранатирања на територијата на Украина од Руската Федерација“. Но, тој додаде дека, благодарение на противвоздушната одбрана, штетата не била толку критична како што можеше да биде.

Иако војската соопшти дека многу од ракетите биле соборени, премиерот Денис Шмигал рече дека нападите сè уште предизвикале прекин на електричната енергија во „стотици“ области во седум украински региони.

Неколку експлозии се слушнаа во главниот град Киев.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.