На 19. декември градот под “Марковите Кули” уште еднаш ќе го прослави својот заштитник, Свети Николај Чудотворец, архиепископ Мирликиски.
Од 2006 година со акт на локалната самоуправа Св. Никола е прогласен за заштитник на Прилеп, а во центарот на градот беше подигнат и параклис во негова чест. Ова ќе биде 18. пат прилепчани заедно да ја чествуваат градската слава и заштитникот на градот, а оваа година домаќини се општествено одговорните компании “МАТАДОР” и “БИМФУД”.
Маркукуле како и секоја година, и оваа ќе известува за сите новитети околу подготовката на градската слава, а дознаваме дека посната трпеза оваа година ќе ја подготват врвните мајстори од “РУСТИКА Кетеринг”.
Прилепчани и сите гости во центарот на градот ќе ги дочека богата трпеза, која не може да се замисли без малите посни сармички, вкусното светиниколско гравче и риба. Сето тоа одлично ќе оди со греано винце, топла ракија и топол чај.
Повелете на Св. Никола во Прилеп!



























