Потпретседателот на Владата на Србија и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, вчера присуствуваше на примопредавањето на 20 противпожарни камиони и 60 теренски возила на Секторот за вонредни ситуации, кои министерството за внатрешни работи на Србија ги набави со цел унапредување на работата на пожарникарите.
Министерот притоа истакна дека вкупно од почетокот на 2019 година, Министерството за внатрешни работи на Србија, набавило 46 противпожарни спасувачки камиони, 185 теренски возила, 19 комби возила и 54 патнички возила за сите организации на Секторот за вонредни ситуации.
Покрај набавката на возилата, министерството набавило и 2.350 комплетно нови интервенти униформи за секој пожарникар во државата.