Кај нас и без законски измени доброволно се работи и по 50 часа неделно, вели Ковачевски

И без законски измени, кај нас може да се работи над 40 часа неделно, изјави денеска премиерот, Димитар Ковачевски за предлог-измени на Законот за работни односи со кои градежните работници на коридорите 8 и 10д кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“ ќе треба да работат 60 часа неделно.

-Ние имаме закони кои што важат и сега кај нас може да се работи повеќе од 40 часа. Според договорот 51% од работите треба да ги изведат македонски подизведувачи, а другото од странство, рече Ковачевски.

Според него има голем број на работници кои работат и по 50 часа, по свој избор и со своја согласност. Тој порача дека овие коридори ќе почнат да се градат и ќе се изградат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.