Кафето помага во борбата со рак на дебело црево

kafe2-640x396

Секојдневното пиење кафе значително ја намалува можноста од враќање на рак на дебелото црево и ги зголемува шансите за оздравување, покажуваат реултатите на дно американско истражување.

Сите пациенти во тоа клиничкото истражување биле подложени на хируршки зафати и хемотерапија поради рак на дебелото црево во трет стадиум, што покажува дека канцерогените клетки ги зафатиле и лимфните јазли близу туморот.

За овие пациенти во истражувањето лекарите велат дека дневно пиеле најмалку четири шолји кафе и тврдат дека кафето имало најголем ефект во намалување на опасноста да се врати карциномот, и тоа за 42 отсто.

Истражувањето се однесувало на околу 1.000 учесници кои одговарале на прашалник за своите прехранбени навики на почетокот на истражувањето, во текот на хемотерапијата, и повтоно една година подоцна.

11 причини зошто е добро да пиете кафе секој ден

Пред да почнете да ја читате оваа листа, најдобро ќе биде да си го подготвите омиленото кафе и да уживате во неговиот вкус, бидејќи нема ниту една причина зошто да не го направите тоа.

1. Кафето содржи најмногу антиоксиданси кои му се потребни на телото. Многу повеќе и од овошјето и од зеленчукот

2. Само мирисот на кафето може да ви го намали стресот значително

3. Пиењето кафе може да ја контролира Паркинсовата болест

4. Секојдневното пиење кафе штити од цироза и помага во намалувањето на штетното влијание на алкохолот.

5. Кафето може да ве направи посреќни и помалку депресивни

6. Кафето го намалува ризикот од самоубиства за 50 %

7. Кафето ги намалува шансите за заболување од рак на кожата, особено кај жените

8. Кафето особено им помага на атлетските спортисти и ја зголемува нивната сила и брзина

9. Кафето ви го буди мозокот и ви ја подобрува концентрацијата

10. Кафето ве прави поинтелигентни

11. Кафето е едно од најдобрите измислени нешта во кои можете секојдневно да уживате каде и да сте, сами или со пријателите. Продолжете да пиете!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.