Советот на јавни обвинители на денешната седница донесе одлука да биде ставен во сила делот од решението со кој се определува дека функцијата на Катица Јанева во гевгелиското обвинителство е ставена во мирување додека таа ја извршува функцијата шеф на СЈО.
Ова значи дека Јанева останува без работи и повеќе не може да се врати на работа во Основното јавно обвинителство во Гевгелија. Одлуката е донесена поради несовесно вршење на функцијата.
На денешната седница Советот донесе одлука и останатите обвинители од СЈО да се вратат во нивните матични обвинителство.
Обвинителот Бурим Рустеми се враќа во Основното јавно обвинителство во Куманово, обвинителката Елизабета Јосифовска во ОЈО Гостивар, обвинителот Љубомир Лапе во ОЈО Куманово, обвинителот Стевчо Донев во ОЈО Кочани, обвинителката Фатиме Фетаи во ОЈО Скопје, обвинителот Гаврил Бубевски во ОЈО Скопје, обвинителката Ленче Ристевска во ОЈО Скопје, обвинителот Трајче Пеливанов во ОЈО Скопје, обвинителот Ајтан Ајро во ОЈО Скопје, а обвинителката Лиле Стефанова во ОЈО Радовиш.
Во случајот со Стефанова е констатира и престанок на нејзиниот 4-годишен мандат во Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, со што таа се враќа во матичното обвинителство во Радовиш.