Само 18 автобуси од Прилеп и тоа полу празни, се упатија за централниот митинг на СДСМ во Скопје. Прилепчани му го свртија грбот на Заев и покажаа дека не се за двојазичност и федерализација на државата.
Гневот во Прилеп особено се почувствува по изјавата на Зоран Заев во центарот на Прилеп, каде најави воведување на двојазичност и во етнички чиста средина како Прилеп.
Поддршката изостана и од ромското население, од каде според очевидци имало само 30тина граѓани кои се упатиле кон Скопје.
За разлика од тоа, за централниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ минатата недела од Прилеп се упатија повеќе од 4000 граѓани, кои ги поддржаа стотиците проекти за градот од новата програма Реално.