Во изјава за бугарскиот медиум БГНЕС, Красимир Каракачанов вели дека ако Македонија не го слави соодветно Делчев, да се вратат неговите останки во Бугарија.
– Преговорите за членство на Македонија во ЕУ треба да се прекинат на 2 години, се додека сакаат да се блокира историската комисија! Ова се наведува во официјален став на бугарската партија ВМРО, испратен до медиумите. А ако службениците во Скопје не го почитуваат споменот на Гоце Делчев, нека му ги вратат коските во Домот на македонските Бугари во Софија! Бугарија го сака војводата и соодветно ќе го почитува! – кажа Каракачанов за БГНЕС.