Каракачанов: Во 1942 година Вардар бил шампион на Бугарија, а клубот е формиран во 1947 година

Бугарскиот министер за одбрана и вицепремиер во Владата, Красимир Каракачанов, продолжува со провокациите на сметка на македонскиот идентитет и историја.

Во неговото интервју за Бугарската национална телевизија Каракачанов истакна дека ФК Вардар во 1942 година станал шампион во Царството Бугарија.

Во 1943-та или 1942 година Вардар е шампион во Бугарија, вели Каракачанов, но она што го пропуштил е информацијата дека ФК Вардар е формиран во 1947 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.