Екипата на РК Прилеп во вториот дел од Суперлигашката сезона, ќе биде пред тежок предизвик да обезбеди опстанок во елитата. Капитенот Филип Велески и тренерот Божидар Мојсов, ќе треба да ги мотивираат момците и новите засилувања, доколку сакаат прилепчани и идната сезона да гледаат суперлигашки ракомет.
-Нашите ракометари во текот на вчерашниот ден ги започнаа подготовките за вториот дел од натпреварувачката сезона.
На почетокот на тренингот, топло добредојде му посакавме на Ангелче Органџиев и Ерик Андраде, кои ќе бидат дел од нашиот тим во наредниот период во борбата за опстанок во Супер лигата.
Наскоро, во текот на подготвителната фаза ќе се одиграат и неколку пријателски натпревари со Р.К Дубочица од Лесковац и Тиквеш – информираат од клубот.
Плеј аут разигрувањето започнува на 11. февруати, а прилепчани во првото коло го пречекуваат Скопје.