Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков од Кочани сподели видео на кое кандидатот на СДСМ за градоначалник во општината, Николчо Илијев се оградува од членство во партијата која ја поддржа неговата кандидатура.
Илијев кој важи за близок на премиерот Заев и неговото семејство сега е во трка за свој втор мандат, но во дебатата на МРТ јавно истакна дека не е член на ниту една политичка партија а во вториот круг влегува со многу мала предност пред ВМРО-ДПМНЕ.
Николчо Илијев кандидиран од СДСМ на ТВ им се оградува од партијата! ?#ЏабеСеПереш #КОЛЕктивнаЕвакуација pic.twitter.com/wpIY1iyaLC
— Mile Lefkov (@LefkovMile) October 22, 2021