Кандидат за градоначалник на Крушево давал по 1.000 денари на луѓе да гласаат за него на последните локални избори

-ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Х.(33) и Т.Ш.(36), двајцата од Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „поткуп при избори и гласање“ и „помагање“. На 14.10.2025, првопријавениот дал поткуп во износ од по 1000 денари на четири лица да гласаат за него како кандидат за градоначалник на општина Крушево, додека второпријавениот на едно женско лице дал поткуп од 5000 денари со истата намера, информираат од МВР.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.