Канал 5 дознава: Удар на полицијата на струмичката империја составена од блиски луѓе на Заев

Криминалната империја под опсада на државните институции, дознава Канал 5 од извори во МВР.

Криминалната империја под опсада на државните институции Државните институции започнаа офанзива против криминалната империја и дали со тоа ќе бидеме конечно сведоци на нејзиниот крах, која нанесе големо зло на македонските граѓани.

Според непотврдени информации во тек се заеднички активности на повеќе институции меѓу кои на полицијата и управата за јавни приходни, кои вршат претреси на повеќе локации во фирми и домови во Струмица, Скопје и Гостивар. Засега она што се знае е дека се одзема огромна документација но и други предмети кои се наоѓаат при самите претреси. На полициски разговор се повикани десетина управители, адвокати, нотари кои се поврзани со работењето на струмичките и скопските фирми кои функционираат во систем на криминална пирамида која сигурно излегува и преку државните граници. Она што исто така се знае е дека целата акција на институциите на државата е поврзана со докажување на повеќе кривични дела даночно затајување, перење пари, незаконски поврат на ДДВ со што е оштетен буџетот на граѓаните од неколку десетици милиони евра. На неколку локации можело да се забележи и присутвото на лица за кои се мислеше дека и понатаму ќе бидат недопирливи за инситуциите на државата. „Коцката е веќе фрлена“

Неофицијално станува збор за удар на полицијата на струмичката империја составена од блиски луѓе на поранешниот премиер Заев.

Се работи за афера тешка неколку десетици милиони евра, а акцијата е насочена кон Крмзов кој е близок до семејството Заеви. Сомнежите се за милионсло даночно затајување, перење пари, прикривање докази. Под полициска опсада е и позната Вила парк-Струмица.

Во овој случај се очекува и расплеткување на клопчето со проневерите на Еуростандард банка. Акцијата е во тек, а институциите кои ја кординираат акцијата се Министерство за финансии, ОЈО и МВР, дознава Канал 5 од извори во МВР.

Oд МВР пак попладнево излегоа со следното соопштение:

По доставено известување од страна на МВР до ОЈО за ГОКК, оформен е предмет поради основи на сомневања за сторени кривични дела од областа на финансискиот криминал, односно „даночно затајување“ по чл.279 „даночна измама“ по чл.279-а и „перење пари и други приноси од казниво дело по чл.273 од КЗ.

-Заради докажување на основите на сомневање за сторување на наведените кривични дела, издадени се наредби за претрес на дом и други простории на повеќе локации во повеќе градови, каде координирано постапуваат полициски службеници, истражители од истражен центар на ОЈО ГОКК и службени лица од Управата за јавни приходи, соопштува МВР.

При претресите е обезбедена поголема документација која ќе биде предмет на дополнителна обработка и анализа со цел обезбедување на материјални докази за потребите на водењето на понатамошна кривична постапка.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.