Камчева сведочеше дека Јанева и се пожалила: Син ми ќе работеше на брод да не беше Боки 13

Во продолжението на судењето за случајот „Рекет”, сопругата на Орце Камчев, Ана Камчева, рече дека 350 илјади евра за рекет за подобра положба на нејзиниот сопруг, ги извадиле од фирмите што ги имаат, а ги донела лично во несесер нејзината свекрва, Ратка Камчева.

-Потоа ме зема со кола Зоран Милевски и се упативме во станот на Бојан Јовановски во населбата Орман. Катица седеше во дневната соба. Се поздравивме со госпоѓата Катица Јанева и разговаравме за децата. Јас ѝ реков како ми е мене со децата и како поминувам, а таа ми рече: Да не беше Бојан Јовановски, син ми ќе работеше на брод. Ние ги дадовме 500 илјади евра, рече Камчева во сведочењето.

Таа кажа дека Јанева ѝ спомнала дека за гаранцијата од 14 милиони евра може кривично да ги гони неа и проценителот, зашто дел од имотот бил под кирија.

-Катица Јанева ми напомна дека ако овој разговор излезе од домот на Бојан Јовановски, ќе знае дека е од мене, бидејќи имаше доверба во нив. Рече дека може не само еден, туку многу предмети да му отвори на Камчев. Се закануваше со нејзината моќ. Се плашев од моќта на Јанева. Но, не е таа што ја има моќта. Специјален јавен обвинител е Бојан Јовановски. Тој знаеше се. Кој ќе биде притворен следен, и се што кажуваше, така се случуваше, сведочеше Камчева.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.