Лидерката на францускиот Национален собир (НС), Марин Ле Пен, синоќа по излезните анкети, според кои НС освои околу 34 отсто од гласовите во првиот круг од вонредните парламентарни избори во Франција, изјави дека „кампот на претседателот Емануел Макрон е речиси целосно уништен“.
Таа повика на апсолутно мнозинство во вториот круг од изборите за да може нејзината партија да ја „поправи Франција и повторно да воспостави единство“, пренесува Франс 24.
Ле Пен истакна дека францускиот народ во првиот круг од изборите покажал дека сака да стави крај на владеењето на Емануел Макрон, кое траеше седум години.