Научниците го снимија моментот кога огромно парче мраз, долго околу 6 километри, се откина од Гренланд.
Сето ова се случило кон крајот на јуни, а камерите го снимиле кршењето на мразот кој тежи повеќе од 10 милијарди тони и
плови низ океанот.
Парчето мраз со големина на Менхетен, се одвојувало половина час, најпрво ситни делови, а на крајот и голем и дебел дел кој се издигнал над морето, а потоа паднал во водата.
Иако звучи страшно, треба да се има на ум дека тоа е само три проценти од вкупната количина на мраз која Гренланд ја губи секој ден.
Научниците го следат овој процес и неговото влијание на морето.