Како стиховите од химната, иcчезнaa и зборовите „врли Грци и владици Грци“ од песната „1762 лето“ – Ckaндал на синоќешниот јубилеј

Како што за Тамара исчезна стихот „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански“ при изведувањето на македонската химна во американската амбасада, така вчера на одбележувањето на јубилејот 1.000 години Бигорски Манастир во Македонската Филхармонија, беа „голтнати“ сите строфи од песната „1762 лето“ од Григор Прличев во кои се споменува Грција и Грците.

На јубилејот присуствуваше и претседателот Стево Пендаровски, г.г. Стефан и други високи функцинери, како и црковни претставници, но овој „пропуст“ го забележа актерот Тони Михајловски, кој порача – гниди кукавички и предавнички.

-Вчера имаше јубилеј во Филхармонија. Убаво беше. Свечено. Арно ама северџганскиот синдром се појави и таму. При интерпретирањето на песната 1762 лето, пеачот ги прескокна сите строфи во кои се спомнуваат нашите јужни соседи. И така зборовите врли Грци, и владици Грци исчезнаа. Ете така било кога сме биле под ропство. Забранети песни, јазик, историја. Ропски народ. Гниди кукавички и предавнички, порача Михајловски преку „Фејсбук“.

„Песната за патрикот “ или „1762 лето“ на Прличев е создадена врз база на вистинити сознанија и инспирирана е од нашата историја.

Песната можете да ја прочитате ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.