Како разгледница: Жителите од оваа населба ќе уживаат во нова прекрасна урбана опрема (Фото)

По налог на Град Скопје екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ во текот на изминатите денови поставија нови елементи изработени од дрво во Рајскиот парк во населбата Ново Лисиче.

Нови павилјони, комплет на клупи и маси, корпи за отпадоци, дрвена куќичка за деца и рекреативни елементи се новите парковски дрвени елементи што екипите на ЈП Паркови и зеленило ги изработија и ги поставија во делови на Рајскиот парк.

Распоредени на повеќе локации низ зеленилото во паркот, елементите со својот изглед и намена го дополнуваат изгледот на уредениот парк, кој е вистинско место за релаксација и пријатен престој во природа за посетители од сите генерации.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.