Како некој после да им организира нешто?! Ветиле канти и да исчистат, и тоа не го направиле

Изминатиот викенд на спортскиот аеродром кај прилепско Мало Коњари, се одржа првиот Air Flow фестивал – настан кој на овој простор донесе голем број, пред се’ млади момци и девојки на едно место и кој имаше хумана мисија.

Целта на овој музички настан, каде патем настапија прилепските рок бендови LOCKDOWN и THE HOUNDS, како и неколку познати диџеј имиња, беше да се обезбедат средства за повредените од несреќата во Кочани и за потребите на Центарот за култура “Марко Цепенков”.

Oваа хумана мисија наиде на масовност, па од влезници и од спонзори настанот собра над 870.000 денари.

Редно било во ваква хумана мисија со свој прилог, ако не со средства, со труд и работа да помогнат и јавните претпријатија од Прилеп, но НЕ.

Иако од ЈКП Комуналец ветиле дека ќе го исчистат просторот и ќе обезбедат канти за отпадоци, никој на лице место не се појавил….

Како после некој да им организира нешто и да се труди од Прилеп да направи поубаво место за живеење, да се труди да направи настан и концерт кој ќе стане препознатлив белег во културната понуда на градот….?!

Организаторите оваа информација ја споделија на социјалните мрежи, а зошто раководството на ова јавно претпријатие треба да се срами? Погледнете го видеото во продолжение и ќе ви стане јасно колку добар настан не поддржале…




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.