Комумалните проблеми во Скопје тлеат со години, а изгледаат нерешливи со оглед дека секоја наредна власт не успеа да се справи со нив. Од отпадоци по улици, до депонирање на ѓубрето во депонии.
Видеото направено од граѓани на главниот град зборува за ниската свест на луѓето, но и за јавното претпријатие „Комунална хигиена“.
“Јас аматерски се занимавам со ѓубре и можеби затоа не ги разбирам професионалниве методи… тоа ќе да е!”, напиша актерката Ирена Ристиќ на својот Фејсбук профил.