Легдендата веди дека Камора, една од четирите најмоќни криминални организации во Италија настанала благодареќи на Гардуина, митската тајна организација настаната во Шпанија во средниот век.
Како и сицилијанската мафија и Камора на почетокот била “оружје” против странските освојувачи, па нејзините членови биле припадници во полициските сили, војската и други цивилни служби.
Исто како и Коза Ностра, ниту Камора не можела да делува без политичка заштита, па продирањето во политиката била главна цел на камористичката фамилија. Своите политички врски ги користат како би ги штителе своите криминални активности.
Диего Армандо Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, по неговиот трансвер во Наполи во 1984 година, стана “жртва” на една од најголемите мафијашки организации.
Во тој клуб се задржа до 1991 година и со него два пати ја освои италјанската лига. Но величенствената кариера Марадона ја заврши на лош начин. Како што и сам има изјавено, тој имал голем проблем со зависноста од кокаин. Според некои медиуми, дрогата му ја набавувала мафијашката организација Камора.
Марадона наводно бил вмешан и во судирите на криминалните организации, па причината поради која го напиштил Наполи е токму тоа.