Лекарите работат во заразена средина и во зима често се во опасност да закачат грип или друга сезонска болест. Сепак, повеќето од нив куртулуваат, бидејќи се придржуваат на едноставни совети без разлика што постојано се во контакт со заболени пациенти.
Редовно миење на рацете во текто на денот
Лекарите ги мијат рацете пред и по секој пациент. Мијте ги рацете полека, идеално би било околу 20 секунди, со млака вода и сапун. Добра замена е и средство за дезинфекција на рацете.
Рацете подалеку од устата и носот
На дланките има најгилем број бактерии, особено во зима. Затоа е важно да ги држите подалеку од носост и устата. Во зиме повеќе користете прибор за јадење, а ако јадете сендвич или храна која се јаде со раце, фаќајте ја со хартија.
Чистете ги површините околу себе
Постијат средства кои ги уништуваат бактериите. Задолжително чистете ги површините околу вас, површината на која седите, телефонот, тастатурата.
Имунолошки систем
Лекарите советуваат трчање во траење од 20 минути секое утро или едноставни вежби.
Додатоци во исхраната
Освен разновидна исхрана пожелно е да внесувате и појачана доза витамини. Билни чаеви, витамин Ц, магнезиум
Мед и прополис
Медот е добар за грлото, а прополисот е одличен за борба со бактерии и ја смирува слузикожата на носот и грлото.
067
Познатата пилешка супа е добро решение за зимскиот период. Многу истражувања покажуваат дека е добра за јакнење на имунолошкиот систем.