На денешен ден пред точно 23 години, Бразилецот Роберто Карлос го постигна еден од најубавите голови во историјата на фудбалот.
На познатиот “Жерлан” во Лион, пријателски меч одиграа Бразил и Франција. Во 21 минута досуден беше слободен удар за Бразил, на 40 метри од голот на Бартез. Карлос ја намести топката, зеде залет и другото е историја.
Верувале или не, дури и научници од Осло го проучуваа овој удар на Бразилецот.