Кога две кучиња играат меѓу себе мора да комуницираат за да нема повреди. Би-Би-Си преку видеа во „slow-motion“ го анализираше говорот на телото на кучињата кога играат.
-Кучињата еволурале сет на сигнали за да се намали можноста дека играњето нема да ескалира во агресија, вели Марк, експерт за кучиња.
Постојат четири правила кои тие мора да ги следат за другото куче да им дозволи да си играат со нив. Најпрво поклонувањето, тоа е едноставен знак дека кучето сака само да си игра, но нема да нападне или да се обиде да се спари.
Тоа го прават само кога другото куче гледа во нив, и овој сигнал го користат речиси дури и дивите кучиња како волците, хиените и којотите.
Кога играта ќе започне тие почитуваат две правила – не смеат да гризнат многу силно и не смеат да се удрат многу силно. Доколку едно од кучињата загризе посилно отколку што треба, играта завршува, и кучето мора да ја признае грешката и да се извини.
И четвртото и најважно правило, кучето мора да биде искрено. Не смее да нападне доколку веќе дало знак дека сака само да си игра.