Како дел од чествувањата на државниот празник “Денот на народното востание-11-ти Октомври”, во СОУ “Ристе Ристески – Ричко” беше откриен прекрасен мурал кој го носи името “Слобода во нашите срца”.
-Обединети под мотото ,,Слобода во нашите срца” вработените и учениците од СОУ ,,Ристе Ристески-Ричко”, Прилеп со низа активности го чествуваа празникот 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ. Чествувањето започна со приредба со родољубива тематика и откривање на мурал изработен од страна на професорот Методи Исков и група ученици од нашето училиште. Ученици од нашето училиште зедоа учество и во формирање на македонското знаме, настан организиран од сите средни и основни училишта од градот на непокорот Прилеп. 11 Октомври е симбол на македонската борба за слобода. На овој значаен ден Македонецот храбро, непоколебливо, бестрашно зачекорува кон слободата , но и кон самостојноста, самобитноста и државноста – информираат од училиштето.