Македонката Ана Топшиова за интернет сајтот www.slavorum.org, напиша одлична статија за тоа како да препознаете луѓе од Балканот во странство. Одлично се отсликани сите комични ситуации преку кои можете да ги препознаете луѓето од ова поднебје на странско тло.
Одиме по ред….
Постојат туристи кој патуваат во странски земји и оставаат барем една работа по која ќе ги запамтите. Исто така, постојат туристи кои ќе се потрудат да направат се, да го дадат најдоброто од себе, за домаќинот никогаш, ама баш никогаш не ги заборави. Да, зборуваме за луѓето од Балканот! Еве конкретна листа која ќе ви помогне да ги детектирате! Ако сакате да ги забележите овие навистина занимливи, забавни и спонтани луѓе, следете ги упатствата кои ви ги приложуваме.
Каде што постои гласно смеење и зборот “политика”, има и Балканци. Ќе забележите дека тие истовремено се смеат на шеги, и покрај тоа што зборуваат различни јазици. Тие обожаваат да пијат ракија и да зборуваат за политика. Кога ќе дојдат до заклучок дека коментирањето за властите не е вредно, продолжуваат да пијат.
Наздравје !
СЕКОГАШ СЕ ПРЕГЛАСНИ
Ако сте надвор на улица и видите група од луѓе кои се прегласни, не грижете се – тоа се само Балканци кои имаат само спонтан разговор! Дури и кога е тивко, тие зборуваат гласно. Имаат навика сите да зборуваат истовремено. Не се караат, само сакаат да бидат слушнати, и разбрани. Не им е грижа што другите мислат за нив…. Се додека некој не почне да ги критикува.
УЖИВААТ ДА СЕ ПРЕЈАДУВААТ
Уживаат да јадат премногу! Не, тие не се срамат од себе си! Гурмани се, итоа од оние агресивните. Кога ќе видат храна напаѓаат како Викинзи! Па, доколку видите група на луѓе во хотелска линија која чека за храна, бидете сигурни дека има друга група итоа Балканци пред нив кои ќе земат се што гледаат. Затоа побрзајте!
ТИЕ СЕ ПРИЛИЧНО ПОЛНИ СО ВИБРАЦИИ ВО ЈАВНОСТ
Замислете дека сте на плажа, и уживате под некој чадор за сонце. Одеднаш слушате гласно викање. Ќе помислите дека е некоја црвена тревога. Но, тоа е само дете кое игра на околу, а неговата мајка трча по него (таа е гласна затоа што се наоѓа на 100 метра зад него и не може да го запре). Не грижете се, тоа е секојдневна ситуација… Барем за нас!
БАЛКАНЦИТЕ СЕ ЗДРУЖУВААТ ВО КЛАНОВИ
Кога Балканци ќе се сретнат во странска држава, тие веднаш стануваат пријатели и организираат Балкански забави. Поканети сте, се додека сте подготвени да слушате Балканска музика, пиете ракија и вино, играте игри (повторно со пиење) и ги гушкате сите, после второто чаше ракија! Ќе бидите сигурни дека сте на Балканска забава, ако ги слушнете да се нарекуваат меѓу себе “Брат” или друга слична форма (брате, браќа и.т.н.).
ФАМИЛИЈАТА Е СЕКОГАШ НА ПРВО МЕСТО !
Ако сретнете нов пријател или турист кој ќе ве праша за насоки, и таа личност ве прекине додека му објаснувате со зборовите: “Извини, телефонот ми ѕвони. Мора да е мајка ми”, бидете 200% сигурни дека новиот познаник ви потекнува од Балканот. Без разлика на која возраст сме, нашите мајки ќе заѕвонат и ќе прашаат за земјотрес за кој слушнале дека се случил во Јапонија, итоа пред три дена. Па што? И требало оправдување за да се јави.
ХРАНА НА АЕРОДРОМИ
Ако сте на аеродром и чекате за безбедносна контрола, знајте дека постои голема шанса турист од Балканот да биде запрен. Вие си мислите: “Господе боже, заштити ме. Што кријат? Оружје, дрога…?” Хахаха, не! Имаме навика да земеме “мал” пакет храна за нашите братучеди или пријатели. Ве интересира ли што носиме со нас? Неколку тегли со ајвар, сирење, домашни колачи, турско кафе ииии…. па, тоа би било се.
Извор: www.slavorum.org