Прекрасен сончев ден, каде да се поминe ако не на свеж воздух во Крушево. Живописната градска архитектура, прекрасните пејсажи во непосредна близина на Крушево даваат совршен баланс помеѓу забавата и авантурата за време на вашиот престој во овој шармантен град.
Ние сакаме да ја споделимe нашата фасцинација со вас, дојдете во Крушево и понесете неверојатни животни спомени.
Доаѓајќи од далеку, првиот ресторан на кој наидов е вистински избор за вкусен оброк. ,,ПИЦА РЕСТОРАН РОМА,, е префинет склоп на љубезност и професионалност. За топлите денови тераса, но овој не беше еден од нив. Бев доволно истоштена да започнам со предјадење, топено сирење и ракија , главно јадење Рома грне , плескавица на кајмак и секако добро вино, за десерт лава колач, ммм прекрасно. Вкусовите ги заскокоткаа сите мои сетила. Поведена од гладот останав фасцинирана од сите јадења. Пицерија Рома е преголем предизвик, тешко кој би одолеал.
А мракот веќе послан по крушевските калдрми. Кафе бар ,,ОЛД СКУЛ,, Преполн локал. Пријатна мелодија на локланите бендови, вистинско место за адреналинска забава. Таму времето неможе да биде залудно потрошено.
Продолжив во клуб ,,Планет,, уште еден преполн локал , беспрекорна услуга. Вистинско место за викенд забава, утринско кафе и попладневно дружење.
Ноќ поблиску до ѕвездите. Поглед кон градот кој го одзема здивот. Крушево на дланка.,, Вила Медуза,, вистински избор за поавтентично да го почувствувате сплетот на традицијата и луксузот. Сопствен паркинг, апартмани, лоби, сауна и уште многу други услуги кои ви стојат на располагање.
Не оставајте ништо на случајноста, исклучете ја можноста за разочарување, нивниот квалитет е проверен.
Поканети сте да пробате што ви нуди Крушево!
На здравје!
Наташа Талеска