Како да не се здебелите за време на празниците?

boziken-rucek

Празничните денови освен за забава и дружење со блиските луѓе, како и секоја година се зачинети со прекрасни и вкусни солени и благи специјалитети.

Токму затоа е важно да научите како да не добиете некој килограм плус, а притоа да не се откажувате од вкусната празнична трпеза.

Не заборавајте да се движите

Иако можеби празничните денови ќе ви бидат исполнети со повеќе обврски и ќе сакате да прошетате низ улиците во градот по потрага по подароци за вашите најмили. Искористете ја таа прилика и пеш тргнете во потрага по најлудите подароци за вашите најмили. Така ќе го избегнете метежот и возењето по лошото време, а од друга страна убаво ќе се загреете со интересна прошетка по студеното време, уживајќи во претпразничната еуфорија.

Смејте се

Иако можеби звучи смешно, сепак експертите велат дека тоа навистина делува. Седнете, затворете ги очите и почнете да се смеете цела една минута. Иако можеби тоа звучи глубаво, тоа ќе го стимулира ослободувањето на добрите хемикалии во мозокот и ќе се спречи емотивно предавање кон храната.

Залажувајте го мозокот

Откако ќе го завршите оброкот најдобро ќе биде чинијата во која што јадете или веднаш да ја тргнете од масата или да ја покриете со салветка за да се го стимулирате мозокот да мисли дека завршивте со јадењето за да не дозволи да посегнете по уште храна.

Уживајте во секој залак

Секое залче џвакајте го барем 20-тина пати. Бавното џвакање може да го намали внесувањето на калориите за над 10 отсто.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.