Како да користиме побезбеден Интернет – Одличен едукативен настан во среда во ООУ “Кире Гаврилоски-Јане” во Прилеп

На 11 февруари 2026 година, по втор пат во рамки на проектот MKSafeNet – Центар за побезбеден интернет на Македонија, ќе биде одбележан Денот на побезбеден интернет, кој се имплементира од Министерството за дигитална трансформација, а во соработка со проектните партнери.

Настанот годинава ќе се реализира заедно со учениците и наставниците од ОУ „Кире Гавриловски Јане“ – Прилеп, а ќе вклучи изложба на ученички цртежи на тема „Користиме безбеден интернет“, како и едукативно-забавна програма за учениците.

-Со овој настан, Денот на побезбеден интернет го одбележуваме заедно со останатите центри за побезбеден интернет низ Европа, како дел од мрежата Insafe при Центарот за побезбеден интернет на Европската комисија во Брисел. Заедно градиме побезбедна дигитална средина за децата и младите, стои во поканата до сите млади и граѓани кои сакаат да го проследат настанот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.