Како да го отстраните забниот камен во домашни услови?

nasmevkazabi-650x396

Кафеавите или жолтите наслаги на забите можете да ги отстраните сами дома. Забниот камен е чест проблем и современата стоматологија предлага голем број начини за негово отстранување. Но, постои една метода што одлично го решава овој проблем, а ќе заштедите и пари.

Темелната хигиена на усната шуплина е мошне важна: ако не се води грижа за забната глеѓ и на време не се отстрани забниот камен може да се развие воспалитечлно заболување – пародонтопатија, кај која што инфекцијата стасува преку коренот во самиот заб, а која предизвикува и воспаление на мекото ткиво.

За среќа постои природно средтство за превенција на оваа непријатна болест.

Состојки:

  • 4о грама лушпи од ореви;
  • 250 мл вода;

Подгответе ги лушпите во вода околу 20 минути. Тргнете ги од оган и поклопете. Оладете и процедете.

Натопете ја четкичката за заби во овој растор на 10-тина минути.  Потоа со неа темелно исчистете ги забите, повремено натопувајќи ја во растворот. Оваа процедура можете да ја повторувате и до три пати дневно.

Подготвената вода можете да ја користите два дена, а потоа подгответе нова. Веќе по неколку дена резултатите ќе ве израдуваат.

Лушпата од ореви е моќно антибактериско сретство што исто така, помага и во чистењето на забната глеѓ од непријатните наслаги. Оваа процедура е корисна и за оние што страдаат и од крварење на непцата, а воспалението брзо исчезнува.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.