Во една објава на социјалните мрежи која стана вирална деновиве пишува за тоа како Виетнам се справува со коронавирусот и зошто имаат само мал број заболени.
Доколку некој човек се инфицира, целата улица се блокира и сите се сместуваат во домашен карантин. Службите потоа ја дезинфицираат целата улица, а исто така обезбедуваат храна за сите жители на таа улица додека се во изолација.
Виетнам сега има само 94 случаи позитивни на коронавирусот, иако е опкружен со земји кои имаат голем број заболени.