Германскиот фудбалер Марио Гомез може да му биде бескрајно лут на ВАР-системот, кој му поништи три гола на еден натпревар.
Гомез настапува за Штутгарт во втората германска лига, а постигна три гола, кои сепак му беа поништени, а неговиот тим загуби од Сандхаузен со 1-2.
„Бев пријател настроен кон ВАР, зашто требаше да биде праведен, но за нас напаѓачите тоа е катастрофај. Тој систем, таков каков што го имаме е големо сра*е“, порача 34-годишниот напаѓач.