Денеска не’ очекува постудено утро со можност за појава на утринска магла во пониските котлини. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб јужен ветер.
Утринските температури ќе се движат од -3 до 4 степени додека дневната ќе достиге до 21-от степен.
Во Скопје, утрото ќе биде свежо и магливо во делови од котлината, а преку денот претежно сончево со слаб југоисточен ветер.
Во наредните денови, под влијание на висок воздушен притисок, ќе следува период на стабилно и суво време. Утрото ќе биде постудено, а дневните температури постепено ќе растат, особено за време на викендот. Претпладне ќе има услови за појава на магла по одделни котлини и речни долини.

























