Каква е состојбата на девојчето oд Прилеп кое беше прегазено кај Соброна?

fwergyehtrjyt

А.Ќ. (23) од Прилеп, која завчера вечерта беше прегазена од автомобил додека го преминувала булеварот Партизански одреди на пешачки премин, се уште се бори за живот во скопскиот Ургентен центар.

Според полицијата, сообраќајката се случила во 22 часот на крстосницата од булеварот Kлимент Охридски и улицата Орце Николов. Автомобил „голф“ управуван од Љ.С. (32) од Скопје, удрил во А. Ќ. Од ударот А.Ќ. се здобила со тешки повреди по што веднаш била однесена во Ургентниот центар.

Лекарите констатирале тешки повреди, односно внатрешно крвавење во главата, фрактура на черепот, фрактури на десната потколеница и десното рамо. Врз девојката била извршена хируршка интервенција и е во животна опасност.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.