КАКА ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: Изјава која ќе ги воодушеви навивачите на Милан !

Поранешниот играч на Милан и бразилската репрезентација, Кака, во интервју за “Газета” зборуваше за својот поранешен клуб и ситуацијата во која се наоѓа во моментов, но и за можноста да се врати на “Сан Сиро”.

– Се надевам дека Милан нема да добие суспензија и казна, се надевам дека Милан ќе игра во Лига Европа, бидејќи играњето во Европа го заработија на теренот. Тоа ќе биди почеток на враќањето на големиот клуб. Се надевам дека клубот ќе се враќа на старите патеки каде се движеше во минатото и дека јас ќе бидам дел од него, вели Кака.

– Многу сум заинтересиран за враќање во Милан, не знам точно кога, но тоа ќе се случи. Се надевам дека ќе биде наскоро, бидејќи Милан за мене е дом. Чувствувам дека можеме да започнеме од почеток. Навивачите да бидат трпеливи, новата фаза наскоро ќе започне, заклучи легендарниот Бразилец.

Кака во два наврати го носеше дресот на Милан од 2003 до 2009 година, кога ја освои и Златната топка, а вториот пат се врати “дома” во 2013 година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.