Еден Турчин скапо го чинело паркирањето на неговото возило пред приватна зграда, откако бесен жител врз автомобилот му фрлил машина за перење алишта откако на возилото истурил катна боја.
Несекојдневниот инцидент се случил во Измир. Гневниот сопственик прво истурил боја врз автомобилот на непримерниот возач, но откако видел дека тоа не помогнало, од балконот фрлил и машина за перење, глетка која со неверување била проследена од случајните минувачи.