“Каде е стадионот и премиите за фудбалерите што ги ветуваа?? Градот се распаѓа…” (ВИДЕО)

Се сеќаваме на најголемите ветувања или најголемите лаги на СДСМ од предизборието во 2016 година за парламентарните избори.

Речиси година ипол на власт на централно ниво и една година на локално ниво, а од ветувањата за “нов живот” во Прилеп, ниту трага, ниту глас.

Ветуваа се’ И сешто, а на една од нивните безбројни пресконференции го спомнаа и градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп.

Ништо од ветувањето дека Прилеп ќе го направат фудбалски центар како што беше некогаш и ништо од ветувањето за премија од 1 милион денари за фудбалерите на Победа.

Стадионот е во полоша состојба од било кога, а единствено нешто што јавноста и љубителите на фудбалот во Прилеп слушаат од властите, се постојани обвинувања кон претходната локална самоуправа, заборавајќи дека една година се на власт и конечно треба да започнат со работа.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.