Екипата на ГРК Тиквеш од Кавадарци го освои шестиот по ред меморијален турнир „Миле Нешкоски” во Прилеп
Во финалето кавадарчани го победија српскиот состав на Дубочица со 32-31 (17-12 на полувремето).
Со истиот резултат Тиквеш го победи претходно и составот на РК Прилеп, а на патот до финалето кавадарчани победа забележаа и против екипата на Струга (28-30).
Во натпреварот за трето место РК Прилеп загуби од екипата на Еурофарм Пелистер 2 со 28-31, а за петто место Струга беше подобра од РК Голден Арт после изведувањето на пенали.
Турнирот одново ги пробуди спомените за еден од најдобрите првотимци на некогашниот Тутунски комбинат, големиот ракометар, спортист и човек, Миле Нешкоски.
Минаа 10 години од неговата прерана смрт, но сеќавањата не бледнеат. Ракометар кој пленеше со врвна техника, мајсторство од бековската позиција, со голови на чудесен начин – и од најмлак лоб-удар, но пред се исклучително фер-плеј играч.
Нека му е вечна слава!
Во продолжение можете да го проследите денешниот финален натпревар: