Mинатата година громогласно одекна веста дека Кавадарци ќе добие современ трговски центар по светски стандарди. Инвеститор е Трајче Ристовски, кавадарчанец кој повеќе од 20 години живее во Америка, каде има успешен бизнис и поседува повеќе од 400 камиони. Во овој грандиозен објект тој ќе вложи 30 милиони евра и ќе направи од Кавадарци број еден шопинг дестинација во регионот.
Трговскиот центар го носи името Little America, објект кој ќе понуди врвно шопинг искуство кое ќе има дизајнерски бутици, маркети, врвни ресторани во елегантна и модерна средина. Софистицираниот и модерен дизајн на трговскиот центар, заедно со неговиот неспоредлив избор на брендови, ресторани, продавници за мода и начин на живот, го прават да биде совршено место за шопинг, оброк и релаксација во стил.
Во комплексот е предвидена изградба на 3 стабени згради со вкупно 243 апартмани, хотел и трговски центар со 73 продажни салони, од кои 40 во внатрешниот и 33 во надворешниот дел.
Енергетска ефикасност на највисоко ниво е голем приоритет за проектот Little America. Во целиот комплекс ќе биде вградено најсoфистициран систем за греење и ладење што ќе придонесе за заштеда на електрична енергија приближно до 70%. Комплексот “Little America” e проект каков што му доликува на нашиот град Кавадарци.
Изградбата започна во јуни минатата година, а моментално одлично напредува и веќе може да се види формата на новиот модерен објект.
Според најавите во трговскиот центар ќе бидат застапени 75 македонски и странски брендови. Финалниот изглед на комплексот Little America можете да го погледнете ТУКА
Секоја чест!