Кавадарци доби свој “Џорџ Атанасоски”, ама овој вистински ќе инвестира?

Во Општина Кавадарци започнува инвестицијата од 30.000.000 евра на наш сограѓанин кој живее во САД. Како што можете да видете и на официјалната страна на самиот проект, ќе се изгради модерен повеќенаменски комплекс, по највисоките светски стандарди, кој ќе биде единствен во регионот, мол и три станбени згради во новиот центар на Кавадарци, на површина од 65.000 м2 – информира градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев.

-Во целиот комплекс ќе биде вграден најсoфистициран систем за греење и ладење, кој ќе придонесе за заштеда на електрична енергија до 70%. Изградбата со целокупната документација од Општина Кавадарци е веќе започната. Како што беше најавено и ветено во предизборната програма на градоначалникот Митко Јанчев, целокупниот проект/комплекс се гради во прва фаза како приоритет и ќе биде завршен и пуштен во употреба до август 2025 година. Кавадарци е европски град! Кавадарци за сите – напиша Јанчев.

Повеќе за целиот проект погледнете ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.